Косовската Влада усвои амандмани за основање Специјален суд

Од:

Косовската Влада денеска упати до парламентот два амандмани кои треба да овозможат основање Специјален суд за злосторствата на поранешната ОВК, пренесува Танјуг.

Косовскиот премиер Иса Мустафа оцени дека на косовската Влада не и е лесно да носи такви одлуки и ги повика пратениците да гласаат за амандманите, со цел да се исполни таа меѓународна обврска.

– ОВК водеше чиста борба и го штитеше прагот на својата куќа, а Специјалниот суд ќе се занимава со истраги против поединци, а не против ОВК, оцени Мустафа.

Опозицијата во косовскиот парламент се спротистави на формирањето Специјален суд и најави дека нема да гласа за негово основање.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски