Косовската Влада бара од ЕУ пренесување на надлежностите на ЕУЛЕКС

Од:

Косовската Влада и испрати на Европската унија план за пренос на сите надлежности на Мисијата за владеење на правото на ЕУ на Косово (ЕУЛЕКС) на локалните власти.

Во документот, кој го објави „Коха диторе“, косовските власти ја повикуваат ЕУ до средината на јуни сите случаи, кои ги почнала или истражувала ЕУЛЕКС, да се префрлат на локалното правосудство.

Документот предвидува пренос на сите чувствителни случаи и информации, вклучувајќи ги и документите, за кои некогаш беше надлежна Мисијата на ОН за Косово (УНМИК).

На листата барања се наоѓа и завршувањето на мандатот на тројцата меѓународни судии на Уставниот суд на Косово.

– Успешно завршување на мандатот на ЕУЛЕКС бара заеднички акциски план за Косово и ЕУ. Косовските власти нема да преземат никакви билатерални акции во тој процес. Преносот на надлежностите на ЕУЛЕКС треба да биде заеднички напор преку координирана акција меѓу Косово и ЕУ, се потенцира во документот.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ