Косовската претседателка отпатува во официјална посета на Словенија

Од:

Претседателката на Косово, Вјоса Османи отпатува денеска во официјална посета на Словенија, на покана од нејзиниот словенечки колега, Борут Пахор, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти кабинетот на Османи, на средбите што, освен со Пахор, ќе ги има и со други високи претставници на словенечката држава, ќе бидат разгледани можностите за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји.

– Оваа посета уште еднаш ќе ги потврди одличните односи со Словенија, додека со хомологот Пахор, во низа заеднички активности, претседателката Османи ќе разговара за можностите за продлабочување на соработката и на меѓудржавните односи, се вели во соопштението.

За време на престојот во Словенија, косовската претседателка ќе им додели државно одликуваање на Вооружените сили на Словенија за, како што се наведува, „придонесот што за мирот и стабилноста го дадоа илјадниците словенечки војници кои во минатите години служеа во рамки на мисијата на НАТО во Република Косово“.

Во агендата на официјалната посета на Османи на Словенија е и средба со косовските печалбари во таа земја, како и нејзино предавање организирано од Центарот за европски перспективи и Бледскиот стратешки форум.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски