Косовската полиција нуди 10.000 евра за информација за напаѓачите на Парламентот

Од:

Косовската полиција нуди награда од 10.000 евра за полезна информација поврзана со лицата кои го извршија нападот врз зградата на Парламентот на Косово, јави дописникот на МИА.

– Во четвртокот во 23:05 часот, косовското Собрание со експпозивна направа беше гаѓано од далечина, а полицијата до доцна синоќа не успеа да ги пронајде сторителите, објави елекронското издание на весникот „Експрес“.

Според полицијата, пронајдено е средство за испукување на граната со кое се верува дека е извршен нападот. Исто така, во близина е пронајден запален мотоцикл, со кој се верува дека напаѓачите пристигнале и избегале од местото на настанот.

Во врска со нападот реагираше и специјалниот претствавник на ОН за Косово, Захир Танин кој го осуди нападот и искажа убедување дека сторителте ќе бидат откриени и казнети.

– Ваквите криминални акти, како што е нападот врз Парламентот на Косово, кој за среќа предизвика само материјална штета, не треба да се повторат. Искажуваме целосна поддршка за државните авторитети во истрагата на овој случај, изјави Танин.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски