Косовската опозиција ја обвини Владата за лошата економска ситуација во Косово

Од:

Демократскиот сојуз на Косово, најголемата косовска опозициска партија ја изнесе денеска својата загриженост поради влошувањето на економската ситуација во Косово.

Претседателот на партијата Иса Мустафа, кој е и градоначалник на Приштина, на прес-конференција изјави дека влошената економска состојба е резултат на погрешно водената политика, јави Анадолија.

– Демократскиот сојуз на Косово оценува дека актуелната Влада не ги исполнила своите ветувања, ниту своите обврски во врска со поддршката и поттикнувањето на економијата во приватниот сектор, доброто владеење во јавните компании и во врска со процесот на приватизација, кој предизвика застој во економскиот развој, истакна Мустафа.

Тој додаде дека не се исполнети ниту ветувањата во врска со вработувањата и подобрувањето на условите на животот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ