Косовската опозиција го одби предлогот на Мустафа за дијалог

Од:

Косовската опозиција го одби денеска предлогот на премиерот Иса Мустафа на дијалог, истакнувајќи дека повикот е „несериозен“, јави Танјуг.

Како што објави „Коха.нет“, опозициските лидери на прес-конференција го повторија барањето Приштина да ги поништи договорите склучени со Белград за ЗСО и со Црна Гора за демаркација на границата, како и да се ослободат сите уапсени за време на акцијата на опозицијата.

Од друга страна, министерот за труд и социјални работи и портпарол на Владата во Приштина Арбан Абраши, рече дека повикот на Владата до опозицијата на дијалог бил искрен и оти поради него никој нема ништо да изгуби.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски