Косовската опозиција го бојкотира Парламентот, но не и платата

Од:

Опозициските пратеници во косовскиот Парламент редовно добиваат плата во износ од 1.488 евра месечно, иако ја бојкотираат работата на законодавниот дом.

Опозициските пратеници не се откажуваат од мандатот, давајќи си можност да се вратат по шест месеци, според законскиот рок, по кој го губат мандатот.

– Партијата на Рамуш Харадинај, Алијансата за иднината на Косово се одлучи за бојкот до распишување нови избори. Движењето „Самоопределување“ и Иницијативата за Косово сеуште се во дилема дали да се одлучат на истото како партијата на Харадинај или не, пишува приштинскиот весник „Зери“.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски