Косовската опозиција децидна – протестите ќе продолжат до падот на Владата

Од:

Протестите во Приштина ќе продолжат се додека косовската Влада не поднесе оставка и не ги поништи спогодбите за формирање Заедница на српски општини и за демаркација на границата со Црна Гора, најавија денеска лидерите на опозицијата.

Лидерите на движењето „Самоопределување“, Алијанса за иднината на Косово и Иницијативата за Косово на плоштадот во близина  на зградата на косовската Влада и Собранието денеска одржаа прес конференција на која кажаа дека во саботата бил одржан досега најголемиот опозициски собир на Косово, на кој граѓаните покажале дека се против Владата и Заедницата на српски општини.

Висар Имери, Рамуш Харадинај и Фатмир Лимај додадоа дека во токот на протестот група хулигани се судриле со полицијата, пренесе РТС.

-Граѓаните вчера испратија две пораки. Дека не ја прифаќаат спогодбата и јавно повикаа на оставката на (премиерот) Иса Мустафа и на (шефот на дипломатијата) Хашим Тачи. Тоа што го видовме вчера покажува дека оваа влада ја загубила поддршката од народот. И покрај клеветите граѓаните не можат да бидат запрени, рече Лимај, лидерот на Иницијативата за Косово.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски