Косовската министерка за евроинтеграции поднесе оставка

Од:

Министерот за европски интеграции на Косово, Вљора Читаку поднесе оставка на министерската должност, како и на функцијата пратеник, на која беше избрана како кандидат на Демократската партија на Косово на премиерот Хашим Тачи.

Како што објави приштинскиот весник „Експрес“, сега со ресорот за европски интеграции ќе раководи досегашниот заменик-министер Гзим Касаполи.

Читаку не ги објави причините поради кои ги напушти функциите, но според „Експрес“, постои можност таа да биде именувана за генерален конзул на Косово во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски