Косовска влада: Мнозинството од народот не ја поддржува опозицијата

Од:

Во првата реакција од кабинетот на косовскиот премиер Иса Мустафа, во врска со вчерашните настани во Приштина, се оценува дека мнозинството од народот е против однесувањето на опозицијата.

– Ограничениот број учесници во простетите на 28 ноември, во споредба со предвидувањата на опозицијата и покрај големите трошици за обезбедување превоз од разни градови во земјата, е доволна потврда дека мнозинството од граѓаните бараат инситуционолано решавање на проблемите, стабилност во земјата, мир, безбедност и економски развој, стои во соопштението од Владата.

Во него уште се наведува стои граѓаните не сакаат анархија за интереси на една мала политичка група.

– Освен националното знаме, граѓаните од нашата земја ги почитуваат симболите, знамето и нивната независна држава, стои во соопштението.

Во реакцијата на првиот парламентарец, Кадри Весели, меѓу другото тој вели дека во никој случај не треба да се доведе во прапшање функционирањето на правната држава.

– Во Република Косово, политиката и правдата се одвоени една од друга и во тој контекст апсењето на пратениците не може и не треба да се гледа ни како форма на политичко влијание ниту како политичко решение.Политичките проблеми треба да се решааваат единствено со политички средства, смета Весели.

Делувањето на органите на редот и правдата, додава тој, во согласност со законите и Уставот се во функција на зајакнувањето и функвионирањето на правната држава, што е од големо значење за нашата земја.

За сега нема реакција од кабинетот на претседателката Атифете Јахјага.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски