Косовска обвинителка уапсена за поткуп

Од:

По барање на Специјалниот суд на Косово уапсена е обвинителката за тешки кривични дела Вахиде Бадивуку, од Основниот суд во Митровица, под соменение за злоупотреба на службената должност и организиран криминал, пренесува Коха нет.

Бадивуку беше обвинителка во случајот со Гани Геци, кој иако беше осомничен за убиство таа побарала да биде ослободен, откако наводно добила поголема сума пари.

– Обвинителката се товари и за мито во износ од 22.000 евра, во случај на одземени возила, кривично дело за кое таа водела истрага. По добиените пари преку посредниците издала наредба за враќање на автомобилите. Но, даденото мито и било обележано. Така, на граничниот премин Мердаре при контрола во чантата на обвинителката биле пронаједени 5.000 од вкуно земените 22 илјади евра.

Заедно со неа упасени и две други лица под обвинение за посредништво, додека едно лице е во бегство.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски