Косово: Уште еден напад врз Срби, Јахјага го осуди вчерашниот инцидент

Од:

Во местото Србобран, во косовската општина Исток, пукано е врз киоск во кој се наоѓале двајца Срби, потврди синоќа за Танјуг министерот за враќање и заедници во косовската Влада, Далибор Јевтиќ.

Тој рече дека во нападот немало повредени. Полицијата врши увид.

Србобран се наоѓа во близина од Ѓураковац, на патот Пеќ-Косовска Митровица.

Во меѓувреме, косовската претседателка Атифете Јахјага, го осуди вчерашниот оружен напад во селото Гораждевац, во Косово, и ги повика граѓаните да помогнат за негово расветлување.

– Го осудувам инцидентот во селото Гораждевац. Без оглед на мотивите на тоа дело, нагласувам дека нема да дозволиме такви инциденти да го нарушат подобрувањето на меѓуетничките односи во Косово. Косовската полиција и органите на редот се мобилизирани извршителите на ова дело да ги изведат пред лицето на правдата, се вели во реакцијата на претседателката на Косово.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски