Косово: Опозицијата е против меѓународното посредување

Од:

Косовските опозициски партии, кои се против формирањето на Заедница на српските општини и поради тоа веќе подолго време ја блокираат работата на парламентот, заедно со косовските аналитичари, сметаат дека за решавање на политичката криза на Приштина не е потребно надворешно посредување.

Со тоа, како што пишува приштинскиот „Зери“, се согласува и некогашниот амбасадор на ОБСЕ во Приштина Вилијам Вокер, кој моментално се наоѓа во Косово.

Имено, австрискиот весник „Дер Стандарт“ вчера објави дека се почесто се говори оти за решавање на политичката криза во Косово можеби е потребен меѓународен посредник бидејќи довербата на Косовците е намалена поради притисокот од политичката криза во која доминираат солзавецот, јајцата и бибер спрејовите, пренесува Танјуг.

Како потенцијални кандидати за посредување се споменуваат Карл Билт и Марти Ахтисари.

Вокер смета дека Косовците сами треба да го решат прашањето.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски