Косово од УНМИК побара да се повлече од земјата

Од:

Министерството за надворешни работи на Косово побара од мисијата на Обединетите нации, УНМИК, да се повлече од земјата, со образложение дека нејзиното присуство го поткопува процесот на признавање на независноста на Косово, соопшти денеска приштинскиот весник „Трибуна“.

Според министерот за надворешни работи Енвер Хоџај, УНМИК имала важна улога во процесот на изградба на институциите во Косово, но нејзиниот мандат е исполнет.

– По примената на планот на Марти Ахтисари, откако над 100 земји ја признаа независноста на Косово, откако земјата се вклучи во многу меѓународни механизми, постигна спогодба со Србија и почна преговори со ЕУ за Спогодбата за стабилизација и асоцијација, нема причини УНМИК да биде во Косово, ниту резолуцијата 1244 на Советот за безбедност да остане оперативна и функционална, рече Хоџај.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски