Косово ќе губи по 20 милиони евра годишно од трговскиот договор со Турција

Од:

Договорот за слободна трговија со Турција, што деновиве го потпишаа косовската министерката Мимоза Кусари-Лила и турскиот министер за економија, Зафер Чаглан, ќе го оштети буџетот на Косово ни помалку ни повеќе туку за 20 милиони евра годишно.

Ова го потврдуваат извори на весникот „Зери“ од Царинската управа на Косово, според кои, овој договор, од буџетски аспект е „автогол“ за земјата.

– Турција извезува стока во Косово во вредност од околу 200 милиони евра годишно,додека извозот на Косово кон оваа земја е околу 8 милиони евра. Со овој договор штетите врз буџетот на Косово достигнуваат износ од околу 20 милиони евра, тврдат изворите на Зери додавајќи дека главен профитер од овој договор е турската трговија.

Овој договор за слободна трговија со Турција исто така се проценува дека ќе биде на штета на домашните произвдители, кои тешко дека ќе може да се справат со конкуренцијата на турските компании кои ќе носат стока во Косово, без да подлежат на царинска такса. Според Агенцијата за статистика на Косово(АСК)Турција е четврт најголем извозник за Косово, по Србија, Италија и Германија.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски