Косово ќе добие армија?

Од:

Косовските безбедносни сили наскоро би можеле и официјално да станат армија која нема да претставува опасност за безбедноста на Србија, велат аналитичарите.

Потенцијалната косовска војска, според зборовите на соговорници на „Танјуг“, не може ниту да се спореди со капацитетот и силата на српската армија, која можеби е најсилна во регионот и може да ја одбрани државата од големи закани.

Аналитичарите истовремено предупредуваат дека договорот за воена соработка помеѓу Приштина и Тирана, кој подразбира престој на припадници на армијата на една држава на територијата на друга, со право предизвикува негодување во Србија и кај Србите на Косово.

Професорот од Факултетот за безбедност во Србија, Зоран Драгишиќ, создавањето на косовска армија го гледа како чекор во заокружување на косовската државност која што Србија не може да ја спречи, бидејќи зад неа стојат САД.

Воениот аналитичар Мирослав Лазански вели дека косовските вооружени сили би биле инфериорни во однос на српските, но додаде дека не се знае точно со што располагаат косовските сили, бидејќи на парадата во Приштина по повод прогласувањето на независноста на Косово, можеше да се види она што сакаа да го прикажат.

Косовските безбедносни сили во моментот имаат околу 2.500 припадници, а Драгишиќ наведува дека бројот ќе се зголемува, но и дека тие сили ќе постојат на симболично ниво и во мерка во која би можеле да бидат инструмент на надворешната политика за да Косово испраќа свои војници во мировните мисии.

-Тие безбедносни сили можеме да ги наречеме, противпожарна служба, но тоа навистина е војска на Косово, која има пешадиски и специјални единици, почесна гарда, лесно и средно оружје, рече Лазански.

Лазански смета дека косовската војска ќе има онолку интеграции колку што НАТО, односно КФОР ќе и дозволи.

Зборувајќи за воениот договор помеѓу Косово и Албанија, Драгишиќ истакна дека тоа е класичен договор помеѓу „пријателски држави“ и дека во тој документ е видливо цврсто поврзување на Албанците во интегрираната албанска заедница.

Лазански нагласи дека наведениот договор е многу интересен бидејќи го потпишала членка на НАТО со парадржава која што не е членка на НАТО, а преку Албанија како членка на НАТО, Алијансата „всушност потпишува договор со Косово“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски