Косово ќе поднесе официјална апликација за членство во ЕУ до крајот на 2022 година, изјави министерот за надворешни работи на Косово за локалните медиуми во средата.
„Рековме дека ќе аплицираме оваа година, и ќе аплицираме оваа година“, изјави Доника Гервала-Шварц за косовската “ТВ Клан”.
„Исто така, ги известивме нашите меѓународни партнери дека нашата цел е да аплицираме оваа година, бидејќи сакаме да уживаме кандидатски статус во ЕУ.
Гервала-Шварц истакна дека над 90 отсто од жителите на Косово се за членство во ЕУ и НАТО и ги поддржуваат како „единствениот пат кон европската иднина“, што според неа ја прави апликацијата за пристап „сама по себе природна“.