Косово ја суспендира уредбата за српските лични карти

Од:

Уредбата на властите во Приштина за забрана за влегување во Косово на лица кои имаат дозвола за престој на Косово и српски лични карти е суспендирана, изјави денеска косовскиот заменик-министер за внатрешни работи Милан Радојевиќ.

Тој за Танјуг истакна дека одлуката за српските лични карти е суспендирана и оти за тоа изутрината се информирани и припадниците на полицијата на сите премини меѓу Косово и централна Србија.

Уредбата на властите во Приштина за забрана за влегување во Косово на сите лица со српски лични карти, кои живеат на тој простор, селективно е применувана вчера на преминитге меѓу централна Србија и Косово, јави Танјуг.

Уредбата не е спроведува на премините Јариње и Брњак во северно Косово, но некои граѓани со српски лични карти, кои живеат на Косово се враќани од преминот Мердаре.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски