Косово: Инцидент во Гораждевац, пукано врз куќи на Срби

Од:

Во косовското село Гораждевац рано утрово е пукано врз неколку куќи, возила и споменик, кои се наоѓаат во центарот на местото. Во инцидентот нема повредени, јави Танјуг.

Српскиот министер за враќање и заедници во косовската влада Далибор Јевтиќ изјави дека инцидентот се случил рано утрово околу три часот и оти се оштетени два автомобила.

Според него, пукано е врз куќа на петчлено семејство. Јевтиќ рече дека напаѓачите се обиделе да го запалат спомен обележјето во селото, оти споменикот е демолиран, и оти во инцидентот еден автомобил е запален.

Косовската полиција изврши увид.

Градоначалникот на Северна Митровица Горан Ракиќ го осуди инцидентот во Гораждевац, оценувајќи оти тие кои стојат зад тоа сакаат етнички чисто Косово. – Сквернавење на споменици, уништување имот и загрозување на животите на Србите во Гораждевац е црвен аларм кој укажува на положбата на Србите во Косово, оцени Ракиќ.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ ги осуди нападите во Гораждевац и оцени оти станува збор за „терористички напад на албански екстремисти врз Србите и нивниот имот“.

Ѓуриќ ги повика Србите во Косово, посебно во Гораждевац, да ја зачуваат присебноста и да не одговараат на провокации на албанските екстремисти, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски