Косово и Панама воспоставија дипломатски односи

Од:

Косово и официјално воспостави дипломатски односи со Панама. Договорот денеска во главниот град на Панама го потпишаа шефовите на дипломатиите на двете земји, Енвер Хоџај и Нунез Фабрега.

На средбата меѓу првите дипломати на двете земји била нагласена определбата за продлабочување на соработката во сите области.

Косовскиот министер Хоџај високо го оценил чинот на потпишувањето на договорот за вопставување дпломатски односи и го нагласил интересот на Косово да отвори своја прва амбасада во Латинска Америка, токму во оваа пријателска земја.

– Воспставувањето дипломатски односи меѓу Косово и Панама претставува отворање на ново поглавје во соработката меѓу нашите народи и влади. Ние сме заинтересирани оваа соработка понатаму да ги унапредува дипломатските односи и да имаме соработка меѓу нашите народи, како и соработка и размена во разни области од животот, изјави Хоџај.

Тој му се заблагодари на својот домаќин и колега за брзото признавање на Косово од страна на Панама во јануари 2009 година, поддршката за членство во Светска банка и ММФ, а го информирал и за континуираниот напредок во Косово. Тој побарал поддршка во рамки на Генералното собрание на ОН, како и во организациите на американските држави.

– Панама може да биде значајна земја која ќе го поврзе Косово со Латинска Америка. Но и Косово може да биде важна земја која Панама ќе ја поврзе со земјите од Југоисточна Европа, нагласил Хоџај.

Од своја страна неговиот домаќин, панамскиот министер за надворешни работи Фабрега изјавил дека со нетрпение очекува Косово да ја отвори својата амбасада во Панама, ја нагласил определбата на панамската Влада за унапредување на билатералните односи и соработката и го поканил Хоџај да учествува на Самитот на државите од Латинска Америка што ќе се одржи во Панама.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ