Косово ги отпишува долговите на населението до 31 декември 2008 година

Од:

Косовската влада денеска донесе одлука за отпишување на долговите на населението настанати до 31 декември 2008 година, со услов да го исплатат долгот од последните пет години, јави Танјуг.

Владата на Косово донесе одлука за отпишување на сите долгови за физички и правни лица настанати до 31 декември 2008 година под услов да го исплатат долгот што го имаат за периодот од 1 јануари 2009 до 31 декември 2014 година, пренесува весникот „Трибина“.

Донесена е одлука и за создавање Развоен и Фонд за вработување, како и одлука за формирање Комисија за изработка на нацрт концепт документ за Фондот за инвестиции и вработување и Фонд за разој. Со комисијата ќе раководи еден од политичките советници на косовскиот парламент и претставници на одредени министерства.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски