Косовците поддржувачи на делото на Енвер Хоџа издадоа весник

Од:

Поддржувачите на делото на албанскиот комунистички диктатор Енвер Хоџа продолжуваат со промоција на неговата личност и дело. Дури неговите приврзаници издадоа весник во негова чест.

Весникот се вика „8 Ноември“ и стои дека е орган на Партијата на трудот на Албанија. Воведот е под наслов „Енвер Хоџа живее“. Притоа се величат делото на Хоџа и неговото значење за албанскиот народ и Албанија.

Весникот има за цел да продолжи да го промовира, како што се вели, делото и активноста на Енвер Хоџа на Косово. Во весникот се содржани и низа други написи за Хоџа.

Има и напис дека Партија на трудот ќе учествува на локалните избори во Албанија закажани за 21 јуни годинава, во коалицијата предводена од владеачките социјалисти на Еди Рама.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски