„Косова сот“: Во Косово има околу 700 дела за воени злосторства

Од:

Околу 700 дела за воени злостроства, кои се регистрирани во ЕУЛЕКС ќе бидат предадени на идниот Специјален суд за воени злосторства на Ослободителната војска на Косово, објави приштинскиот весник „Косова сот“.

Весникот наведува дека Судот ќе се занимава и со стопнаски криминал, организиран криминал и корупција.

– Специјалниот суд многу ќе ни помогне за чистење на многу институции во Косово, изјави неименуван извор од косовското Обвинителство за „Косова сот“.

Тој додаде дека „треба да се водат истраги за милионерите и да се види каде биле претходно, каде се сега и како ги направиле парите“.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски