„Косова Сот“: Судот за ОВК може да ги замрси конците на Тачи

Од:

Специјалниот суд за воени злосторства извршени од припадници на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), би можел „да ги замрси конците“ на актуелниот шеф на косовската дипломатија Хашим Тачи во неговите намери да стане претседател на Косово, објави денеска приштинскиот весник „Косова сот“.

Според весникот, доколку Судот покрене обвинение против Тачи за воени злосторства, тоа сигурно ќе ги доведе во прашање неговите претседателски амбиции, а би можело да резултира и со распад на владејачката коалиција на неговата Демократска партија на Косово (ПДК) со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на актуелниот премиер Иса Мустафа.

– Доколку Тачи се најде на листата на обвинети, тоа ќе претставува една нова околност кога се во прашање неговите претензии да стане претседател на Косово и да ја наруши трговијата на коалиицјата ПДК-ЛДК, смета професорот по право Мазлу Баралиу.

Според правниот експерт, Блерим Бурјани, коалицијата меѓу ПДК и ЛДК бе можела да продолжи да функционира, само доколку следната година Хашим Тачи биде избран за претседател.

– Во споритвно (коалицијата) пред време ќе го заврши својот мандат, додава Бурјани, нагласувајќи дека сега тоа ќе зависи од околностите што би можел да ги создаде Специјалниот суд, смета Бурјани.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски