Косор: Хрватска имаше најтешки преговори со ЕУ

Од:

Поранешната премиерка на Хрватска, Јадранка Косор оцени дека нејзината држава имала најтешки и најдолги преговори со ЕУ.

-По прв пат беше воведено подглавјето 23 за правосудството и основните права. Исто така, Хрватска мораше да се соочи со тешкото наследство по војната. Се работеше за судење на воените злосторства и борба против корупција, што беше особено тешко-истакна таа.

Косор нагласи дека морала да создаде силни политички рамки за јасно дефинирање на критериумите.

Поранешната премиерката не сакаше да одговори на прашањето дали системот за вршење притисок од политиката на правосудството бил присутен кога дошла на премиерското место, укажувајќи дека вистинската слика за тоа што се случува во државата се добива само кога ќе се дојде на местото шеф на владата.

Во врска со вината на некогашниот нејзин претходник, Ивица Санадер, таа додаде дека ја изгубила довербата од него кога без образложение ја напуштил функцијата.

-Бев шокирана кога премиерот ја напушти својата положба во момент кога БДП-то падна за седум проценти и државниот буџет беше во катастрофална состојба-истакна таа.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари