Контантинос Тасулас избран за нов претседател на грчкиот Парламент

Од:

Со рекорден број гласови, 283 од 298 присутни пратеници, кандидатот од Нова демократија, Константинос Тасулас утрово беше избран за нов претседател на грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратеничките групи на Нова демократија, СИРИЗА, Движење на промена, Грчко решение и МЕРА25 гласаа „за“ изборот на Тасулас, а 15 пратеници од Комунистичката партија беа воздржани.

Денешната мнозинска поддршка за единствениот кандидат од владејачката Нова демократија, е рекорд за грчкиот Парламент.

Во 2015 година, тогашната пратеничка на СИРИЗА, Зои Константопулу, беше избрана за претседателка на Парламентот со 235 позитивни гласа.

Би можело да ве интересира

Грција: Рекорден број дозволи и инвестиции по програмата „Златна виза“

Ана Ололовска

Во Грција се одбележуваат 11 години од убиството на Алексис Григоропулос

Ана Ололовска

Во болница пренесени три лица по пожарот во хотел во Атина

Состанок на Мицотакис со комесарите Схинас и Јохансон и министри од владата за миграциското прашање

Ана Ололовска

Заменикот министер за надворешни работи на Грција поднесе оставка

Ана Ололовска

Пожар во хотел во Атина

Ана Ололовска