Конститутивна седница на новото бугарско Собрание

Од:

Новоизбраното Народно собрание на Бугарија денеска ќе ја одржа својата конститутивна седница, која согласно Уставот, ја свика бугарскиот претседател Румен Радев.

Во новиот, 44-ти состав на Собранието, избран на предвремените парламентарни избори одржани на 26 март, влегоа пет политички субјекти – конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) со 95 пратеници, коалицијата „БСП за Бугарија” предводена од Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 80 мандати, националистичкиот блок Обединети патриоти (ОП) со 27, партијата на бугарските Турци, Движењето за права и слободи (ДПС) со 26 и популистчката партија Волја со 12 пратеници.

По полагањето заклетва на пратениците и воведните обраќања на претставниците на пратеничките групи, предвиден е избор на претседателот на Народно собрание и негови заменици и усвојување на Правилниник за работа и организација на Парламентот.

На свечената седница се поканети шефот на државата Радев, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, поранешните бугарски претседатели Петар Стојанов, Георги Прванов и Росен Плевнелиев, актуелниот премиер Огњан Герџиков и министрите од неговата техничка Влада, бугарските европратеници, поглаварот на Бугарската православна црква, патријархот Неофит, главниот муфтија на Бугарија, Мустафа Хаџи, како и претставници на други верски заедници и на дипломатскиот кор.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори