Конститутивна седница на новиот состав на Парламентот на Црна Гора

Од:

Конститутивната седница на новиот состав на Парламентот на Црна Гора, на која треба да бидат избрани претседателот и потпретседателот на Собранието, почна денеска околу пладне.

Со седницата раководи најстариот пратеник, лидерот на Демократскиот фронт, Миодраг Лекиќ.

На почетокот на седницата, претседателот на ДИК достави Извештај за резултатите од парламентарните избори одржани на 30 август.

Членот на Демократскиот фронт, Милан Кнежевиќ пред усвојувањето на дневниот ред на конститутивната седница, рече дека сојузот го поддржува изборот на Демократите Алекса Бечиќ да биде претседател на Парламентот.

Кнежевиќ рече дека на тој начин ќе бидат отстранети сите сомневања дека Србите го предале договорот на трите коалиции и дека тие се борат само за функција.

– Соопштуваме дека не не интересираат фотелји, туку само иднината на Црна Гора и сите нејзини народи, рече Кнежевиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора