Конституиран хрватскиот Сабор

Од:

Во Загреб денеска беше конституиран 9 состав на Саборот, а за претседател, како што беше предвидено со коалициски договор,  е избран лидерот на Мост, Божо Петров.

Тој нагласи дека вонредните парламентарни избори во Хрватска потврдиле определување на гласачите да се обезбедат реформи што ќе запрат иселување.

– Тоа е можно само со конструктивна критика, аргументирани расправи, усогласување интереси и зрело политичко одлучување како и отфрлање на непотребни поделби, рече Петров во обраќањето до пратениците.

Тој вети дека функцијата ќе ја извршува чесно и објективно.

Петров беше единствен кандидат, а од 145 присутни пратеници, за негов гласаа 132.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари