Колективен штрајк на синдикатите во Хрватска в среда

Од:

Денеска е одржан последниот состанок на Владата на Хрватска и синдикатите во процесот на помирување што не успеа, и се создадени законски претпоставки за штрајк до исполнувањето на барањата што почнува во среда.

Тој ден со штрајк започнуваат двата најголеми синдикати, еден од државните а другиот од јавните служби, а следниот ден во штрајкот ќе се вклучат и останатите синдикати, се до петок, кога ќе почнат штрајкови на солидарност.

Вработените во средните училишта за време на штрајкот нема да извршуваат работи, па ниту работите околу државната матура.

Од среда штрајкуваат судовите, министерствата, работниците во кулутрата и сите тела на државната управа, во четврток се вклучуваат и професорите и високото образование, Заводот за пензиско, во петок медицинските сестри.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари