„Кока Кола“ сака да го купи брендот Црна Гора

Од:

Глобалната корпорација „Кока Кола Компани“ (ККК) е заинтересирана да го откупи правото на користење на брендот „Црна Гора“ и на тој начин да ја искористи оваа земја како дел од својата рекламна стратегија во Европа, за подгоричкиот весник „Вијести“ потврдија од врвот на балканската експозитура на овој американски гигант.

За сега се уште не се знае кога ќе тргне официјалната иницијатива кон црногорската Влада, ниту се знае вредноста на можната финансиска понуда, но извесно е дека во рамки на мултинационалната компанија управувачкиот менаџмент минатиот месец и одобрил на европската филијала да ја отпочне целата постапка.

Лујза Б. Родик секретарка на генералниот директор на ККК за Југоисточна Европа за „Вијести“ потврди дека понудата е во завршна фаза, како и дека на Владата на Црна Гора ќе и биде препуштено да ја осмисли агендата за почеток на преговорите.

Родик која со години работела во централата на компанијата „Кока Кола“ во Атланта, изјави дека идејата за Црна Гора како бренд почната минатата година на Интернационалниот форум во Бангкок кога на топ менаџерот Бен Ридли му биле прикажани серијал цртежи на црногорскиот сликар Роман Ѓурановиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора