„Коха Диторе“: СИФТ веќе има подготвено обвинение против членови на ОВК

Од:

Специјалната единица за истрага СИФТ веќе има готово обвинение против поранешни припадници на ОВК, што е резултат на првата истрага по обвиненијата во извештајот на Дик Марти, пишува весникот „Коха Диторе“.

Според извори на весникот постојат доволно докази за покренување обвинение откако ќе биде основан специјалниот суд и усвојат во косовоското Собрание закони, како и договор со Холандија, каде судот ќе има канцеларија, пренесува Танјуг.

„Коха Диторе“ наведува дека премиерот на Косово Иса Мустафа вчера се сретнал со шефот на ЕУЛЕКС Габриел Меучи и дека главна тема на разговорот било продолжување на постапката за основање на специјалниот суд.

Правникот Фаик Кореница смета дека конституирањето на специјалниот суд ќе трае подолого од очекуваното. – Во принцип не може да се покренуваат обвиненија на СИФТ додека не се конституира специјален суд со сите негови механизми. Тоа подразбира завршување на меѓународниот договор со Холандија, усвојување на законот за специјалниот суд, именување на судија и негова логистика, изјави Кореница.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот