„Коха диторе“: ЕУЛЕКС да биде под истрага на ОЛАФ

Од:

Канцеларијата на Европската унија за борба против измами (ОЛАФ) ја информира Комисијата за контрола на буџетот на Европскиот парламент дека планира да иницира истрага во ЕУЛЕКС, пишува денеска приштинскиот весник „Коха диторе“.

Во текстот под наслов „Се очекува ЕУЛЕКС да биде под истрага на ОЛАФ“, весникот објави дека во една дебата на Комисијата за контрола на буџетот на ЕП е истакнато дека ОЛАФ ја информирала за оваа намера.

Шефот на цивилната мисија за надворешни работи на ЕУ (ЕЕАС), Кенет Дин под чија надлежност е и ЕУЛЕКС изјавил за време на таа дебата дека со цел да се расветлат сите сомнежи „ниту еден камен нема да остане непоместен“.

„Коха диторе“ потсетува дека претходно се разговарало зад затворени врати во Комисијата за надворешни работи на ЕП и оти е кажано дека „таа дебата не донела никакви резултати“ и оти многу прашања по писмен пат и биле упатени на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Дин напоменал дека Могерини со цел да се дојде до брзо решение го именувала независниот експерт Жан Пол Жак за да го анализира мандатот на ЕУЛЕКС и да процени колку се процесуирани процедурите по пријавените сомнежи за корупција.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски