Коха диторе: ЕУ тврди дека ЗСО ќе биде формирана согласно косовските закони

Од:

Канцеларијата на ЕУ во Приштина соопштила за весникот „Коха диторе“ дека Заедницата на српски општини (ЗСО) ќе биде воспоставена согласно косовските закони и одлуката на косовскиот Уставен суд.

Весникот наведува дека според Канцеларијата на ЕУ, ЗСО „нема да биде паралелна влада на Косово и нема да ги отфрла законите, како што тоа претходно го истакна и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини“.

Како што се наведува, ЗСО ќе биде формирана согласно косовската правна рамка, а одлуката на Уставниот суд „ќе биде применета и ќе служи како патоказ статусот на ЗСО да ги одрази косовските закони“.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски