Коѕијас: Ние сме на вистинската страна на историјата

Од:

По повод двегодишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на неговиот официјален „Твитер“ профил објави фотографија со министерот за надворешни работи, Никола Димитров и порака дека се на вистинската страна на историјата, јави дописничката на МИА од Атина.

-Поминаа две години, пријателе. Животот нè оправда. Промовиравме соработка и пријателство меѓу нашите луѓе и нашите земји. Ние сме на вистинската страна на историјата. Од затвор, историјата ја претворивме во училиште на иднината, напиша поранешниот шеф на грчката дипломатија на неговиот официјален „Твитер“ профил.

Фотографијата и статусот на Коѕијас ги сподели Никола Димитров, кој додаде дека докажале дека чудата се можни.

-Со зборовите на Мандела, „секогаш изгледа невозможно сè додека не се заврши“. Ние докажавме пријателе, дека чудата се можни. Дека ние на Балканот, можеме да решаваме и нерешливи спорови на европски начин. Нашите држави и во состојбата и во пријателството ги направивме поголеми, напиша Димитров, одговарајќи му на Коѕијас.

Би можело да ве интересира

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

Предраг Петровиќ

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Почна примената на правилата од Преспанскиот, од земјава се излегува само со Северна

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд едногласно одлучи да не се поведе постапка за Преспанскиот договор

А1он

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите