Коѕиас повторно одби грчко-турски патроли во Егејското море

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас денеска повторно ја отфрли можноста за заеднички грчко-турски патроли во Егејското кои би се справувале со бегалската криза.

– Тоа би значело турски бродови да влегуваат во наши територијални води, што ќе има долгорочни последици, изјави Коѕиас за радио „Алфа“.

Оваа изјава на шефот на грчката дипломатија се смета за директен одоговор на барањето на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, кој ја повика Атина да ја преиспита својата одлука со која одби формирање заеднички патроли на грчки и турски бродови.

Во своето обраќање пред Европарламентот во пресрет на денешниот дводневен самит на ЕУ, Јункер изјави дека заедничкото патролирање на воено-поморските сили на двете земји ќе биде „многу корисно“ за Егејското Море.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он