Коцијанчич: ЕУ нема двојни стандарди, но Косово е единствен случај

Од:

Портпаролката на Европската Унија Маја Коцијанчич ги отфрли обвинувањата на Белград дека за Каталонија, односно Шпанија, важат други стандарди од оние кои важеа за Србија во случајот со Косово и истакна дека меѓународното право е универзално и дека ЕУ „во целост го почитува“.

Коцијанчич по повод вчерашниот став на Европската Комисија дека случаите на Косово и Каталонија се неспоредливи, во изјава за Танјуг истакна дека во ЕУ не постојат двојни стандарди.

– Косово е единствен случај. Како што потврди и Европскиот Совет, тој како таков не може да се спореди со која било друга ситуација. Нема двојни стандарди. Меѓународното право мора да биде универзално применето, а ЕУ во целост го почитува, се наведува во писмениот одговор на Коцијанчич за Танјуг.

Српскиот претседателот Александар Вучиќ, вчера оцени дека ставот на Европската комисија оти референдумот за независност на Каталонија е нелегален, е најдобар пример за двојните стандарди и лицемерието на светската политика.

– Како тоа во Каталонија не важи референдумот, а Косово може и без референдум, праша Вучиќ на заедничката прес-конференција со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

– Си играа со судбините на државите кога ги прекројуваа границите на Балканот, а денес не им е до игра, кога мечката тропна на нивна врата. Сега ситуацијата е многу сериозна, истакна Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали