Коалициски преговори во Хрватска: Мост бара седум министерски места

Од:

Во преговорите за состав на новата хрватска влада по неделните предвремени парламентарни избори, што треба да започнат кон средината на следната недела, партијата Мост ќе бара да добие седум министерски места, тврди во денешното издание весникот „Јутарњи лист“.

Весникот оценува дека ваквото барање би можело да ги усложни преговорите, имајќи пред вид дека извори во партијата победник на изборите, Хрватската демократска заедница (ХДЗ) најавија дека на Мост ќе му понудат четири ресори и местото потпретседател на Владата.

Меѓутоа, извори од Мост велат дека партијата нема да се согласи на ваквата понуда на ХДЗ, затоа што сега има еден пратеник повеќе во однос на претходниот парламентарен состав, па затоа треба да добие и повеќе министерски места.

Истите извори наведуваат дека Мост веќе направил отстапка со тоа што се согласил премиер да биде лидерот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, иако пред изборите партијата тврдеше дека нема да се согласи тој да ја води идната Влада.

„Јутарњи лист“ тврди дека Мост најверојатно за себе ќе го бара и местото претседател на Хрватскиот сабор, иако засега нема официјална потврда на ваквата информација.

Претставниците на Мост наведуваат дека доколку ХДЗ не ги прифати ваквите барања, тогаш може да бара други коалициски партнери за формирање на Влада, а партијата ќе премиене во опозиција.

Хравтските медиуми претходните денови тврдеа дека доколку неуспеат преговорите со Мост, ХДЗ би можела да почне разговори за формирање влада со Хравтската народна партија (ХНС) и со Хравтската селанска партија (ХСС), кои на изборите настапија како дел од опозициската Народна коалиција, предводена од Социјалдемократската партија (СДП) на поранешниот премиер Зоран Милановиќ.

– Преговарачката позиција на Мост најверојатно ќе биде да изнесува масималистички барања, па на крајот да се дојде до компромис, при што би добил шест министрески места, колку што има и во сегашната Влада, наведува „Јутарњи лист“’.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари