Клинтон: Ја поддржуваме Црна Гора на патот кон ЕУ и НАТО

Од:

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска порача дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Црна Гора на патот кон полноправно членство во ЕУ и НАТО.

Како што соопшти црногорската Влада, Клинтон во честитката до премиерот Игор Лукшиќ, по повод отворањето на пристапните преговори со ЕУ, истакнува дека тоа е уште една потврда на резултатот кој Црна Гора го има постигнато од прогласувањето независност во 2006 година.

– САД се придружуваат во прославата на овој важен чекор на патот кон остварување на стратешката цел на Црна Гора, наведува Клинтон.

Таа укажа дека продолжувањето на европскиот пат нема да биде лесно и дека треба да се спроведуваат реформите и понатаму, посебно во областа на владеењето на правото.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора