Китаровиќ: Владата не може сама да одлучува дали воената парада ќе биде во Загреб или во Книн

Од:

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ изјави дека таа е врховниот командант на Вооружените сили на Хрватска и дека хрватската Влада не може самата да донесе одлука дали воената парада по повод 20-годишнината од операцијата на хрватската војска и полиција „Бура“ (Олуја) ќе биде во Загреб или во Книн, и кога тоа ќе се случи, пренесе Танјуг.

-Ја сум врховен командант на Вооружените сили на Република Хрватска, јас и издавам наредби на војската, тоа е значи одлука која Владата не може сама да ја донесе, и не би било добро да донесува таква одлука, рече Китаровиќ гостувајќи во емисијата „Јавна работа“ на ХРТ по повод воента парада околу која се кршат копјата во последните недели.

Китаровиќ забележа дека е едно учеството во „Бура“”, а сосема друго оддржувањето на воена парада по повод одбележувањето на дваесетата годишница од акцијата , пренесе Индекс.хр.

-Мислам дека е едно постројувањето на единиците кои учествувале во „Бура“, а друго е големата и заслужена парада на која имавме намера да ги повикаме нашите сојузници. За тоа во Книн немаме простор и Загреб е многу попримерен. Не би сакале конкретно да зборувам кои сојузници ќе ги поканиме, но тука станува збор за нашите сојузници од НАТО, рече хрватската претседателка.

Китаровиќ изрази жалење што се води полемика за тоа како да се прослави акцијата „Бура“, бидејќи во земјата имаат „многу поприоритени проблеми“, дека „Бура“ е една од најголемите победи во историјата на хрватскиот народ и дека за тоа треба да се бидат единствени и „да се послушаат едни со други“.

-Не сакам овој ден да биде причина за поделби, не сакам да видам слика на две Хрватски. Една Хрватска во Книн која никако нема да има време да дојде до Загреб за евентуалната воена парада и слика на една друга Хрватска во Загреб, на оние луѓе кои останале во Загреб кој ќе биде полупразен, нагласи Китаровиќ.

Хрватската претседателка предложи дека е многу попримерно воената парада да се оддржи во Загреб на Денот на вооружените сили, на 28 мај 2016 година, на која можат да се приклучат и сојузничките сили од НАТО, додава агенцијата Хина.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари