Китаровиќ: Сите држави мора да ги исполнат критерумите за ЕУ

Од:

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ изјави денеска во Вараждин дека сите држави, кои сакаат да бидат членки на Европската унија мораат да ги исполнат критериумите и оти не гледа зошто тоа не би можела да биде и Србија.

Китаровиќ ја коментираше блокадата на поглавјето 26 во преговорите со Србија, изјавувајќи дека ако некоја држава сака да биде членка на ЕУ мора да го помине истото што го минале и другите земји членки.

– Хрватска мораше да ги исполни сите критериуми, имавме многу потешкотии, имаше блокади, кои ги сметавме за неправедни, но во овој случај станува збор за критериуми, кои е лесно да се исполнат. Не гледам поради што Србија тоа не би можела да го исполни, рече таа.

Хрватска го блокираше отворањето на поглавјето 26, а премиерот на Србија Александар Вучиќ по најавата дека ќе го напушти Брисел и дека денеска нема да присуствува на Меѓувладината конференција, доколку Хрватска не ја повлече блокадата, синоќа си замина за Белград.

Вучиќ синоќа изјави дека му е доста од „хрватското изживување“.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари