Китаровиќ: Неопходен е ангажман на армијата

Од:

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави по седницата на Штабот за заштита и спасување на Вуковарско-сремската жупанија во Винковци, дека состојбата на терен е полоша од тоа што се мислело и истакна дека ќе биде неопходно ангажирање на хрватската армија.

– Го повикувам премиерот да дојде на територија на Товарник, да се увери каква е состојбата, да се преземат дополнителни мерки за стабилизирање на ситуацијата, бидејќи не можеме да прифатиме поголем број мигранти на ова подрачје се додека не се реши прашањето за нивен транзит на друго место, изјави синоќа хрватската претседателка, пренесува Индекс.хр.

Китаровиќ истакна дека во следните два дена се очекува да пристигнат уште 40.000 бегалци.

Според претседателката неопходен е ангажман на хрватската армија, и не само на активирање на војската долж границата, туку на целото подрачје.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик