Китаровиќ: Економската ситуација може да прерасне во безбедносна закана

Од:

Новоизбраната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека економската ситуација во Хрватска е тешка и дека може да дојде до безбедносна криза.

– Ваквата состојба на економијата може да доведе и до безбедносна криза како што видовме во Грција, иако не верувам во грчко сценаријо бидејќи Хрватската народна банка има девизни резерви и начини како да спречи грчко сценарио, изјави Грабар-Китаровиќ.

Колинда Грабар-Китаровиќ најави дека веднаш по инаугурацијата ќе побара посебна седница на владата на која ќе се расправа за тешката економска состојба во Хрватска, што може да доведе и до безбедносна криза.

Новата претседателка на Хрватска изрази разочарување од моменталната состојба во Хрватска бидејќи верувала дека земјата ќе биде во „средниот ешалон“ на земји членки на ЕУ, а не меѓу најсиромашните и меѓу петте најкорумпирани. Таа ја обвини сегашната влада за неуспехот во активирањето на средствата од европските фондови.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик