Кипар со намера да блокира отворање нови поглавја за Турција поради „незаконски акции во јужниот дел од островот“

Од:

Република Кипар објави дека ќе блокира отворање нови поглавја во преговорите за членство на Турција кон Унијата како одговор на акциите на Анкара во јужните делови од островот за пронаоѓање гас и нафта.

Тоа е една од мерките одобрени од Националниот совет на Кипар, главен консултативен орган на претседателот во кој учествуваат лидери на сите парламентарно претставени партии.

Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис ќе поднесе жалба против Турција на средбата на врвот на ЕУ подоцна во оваа недела.

Официјални жалби ќе бидат поднесени и до Одделот на ОН за океански прашања и морско право, до Меѓународната морска органзиација и веројатно до Советот за безбедност на ОН.

Главниот обвинител на Кипар и меѓународни правни фирми ќе анализираат можни судски постапки против Турција.

– Кипар ќе преземе чекори пред меѓународни органзиации кои ќе ја принудат Турција да плати за цената на своите незаконски постапки, изјави портпаролот на Кабинетот на кипарскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски