Кипар ја повика Турција да покаже волја за надминување на кипарскиот проблем

Од:

Кипар ја повика Турција да покаже волја за надминување на кипарскиот проблем, соопшти весникот „Филелефтерос“.

Владиниот портпарол Христос Стилианидис изјави дека кабинетот во Никозија очекува од Турција да ја преземе одговорноста како земја гарант за надминување на кипарскиот проблем, што, како што се изрази, „ги малтретира и двете заедници на островот”.

Решавањето на кипарскиот проблем ќе даде поттик на европскиот пат на Турција, рече Стилианидис и додаде дека тоа не е изнудување од страна на ЕУ или Кипар, туку услов кон една земја која продолжува да окупира територија на држава членка на Европската унија, кон која таа сака да се приклучи.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски