Кесиќ: САД да го „претиснат“ Тачи доколку сакаат договор

Од:

Доколку САД сакаат Белград и Приштина да постигнат договор во преговорите во Брисел треба да го „претиснат“ косовскиот премиер Хашим Тачи да го потпише договорот, оцени аналитичарот од Вашингтон, Обрад Кесиќ.

Тој во разговорот со дописникот на Танјуг истакна дека сега Приштина е најголема пречка за постигнување на договор.

-Властите во Белград покажаа ентузијазам за договор, додека Приштина бара повеќе што би сакала ЕУ да им даде во разговорот со Белград-смета Кесиќ.

Според неговите зборови сега е суштинско прашање дали Америка ќе го претисне Тачи, бидејќи таа има најголемо влијание, до таа мерка што тој ќе мора да попушти и да биде задоволен со овој напредок.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски