Карамарко: Што ќе се случи со хрватскиот туризам доколку во Далмација и на островите се населат мигранти?

Од:

Претседателот на опозициската партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) Томислав Карамарко предупреди дека изградбата на прифатен центар за бегалци на полуостровот Превлака може да претставува закана за туризмот во Далмација.

Тој изјави дека во еден момент Хрватска треба да каже „стоп“, со цел таа самата да не стане хуманитарен проблем за Европа.

Карамарко праша што ќе се случи со туризмот на Хрватска доколку десетици илјади лица бидат населени од Далмација на другите острови.

Во информативната емисија на хравтската телевизија Нова, Карамарко посочи дека ХДЗ се залага за „решавање на проблемот со бегалците како дел од мозаикот на Европската унија, бидејќи тоа не е проблем само за Хрватска, туку е проблем на ЕУ, но и на целиот свет“.

Карамарко истакна дека граничните премини треба да останат отворени и лицата, кои влегуваат во земјата да бидат регистрирани, а нелегалните премини треба да бидат затворени.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари