Капсис: На Грција и треба нова јавна РТВ ослободена од политичко влијание

Од:

Грција има потреба од нова јавна радио и телевизиска мрежа која ќе биде ослободена од политичко влијание и партиски политики, изјави новиот грчки министер за државна радио и телевизија Пантелис Капсис.

Во интервјуза телевизијата „Мега“, новинарот и поранешен портпарол на технократската влада на Лукас Пападемос, изјави дека создавањето нов, независен јавен радиодифузен сервис кој ќе ја замени ЕРТ ќе биде тешка задача.

– Не можам да кажам како ќе се справиме со ова. Верувам дека вработените во ЕРТ се дел од решението и се надевам дека тие ќе исто така, во одреден момент, ќе дојдат до истиот заклучок, рече Капсис.

Според него, сигналот на ЕРТ треба да се врати во согласност со одлуката на Државниот совет по ова прашање.

– Тоа треба да биде нашиот прв чекот за да ги намалиме тензиите пред да почнеме да ја планираме новата ЕРТ, истакна Капсис.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе