„Капитал“: Русија и Западот водат „тивка војна“ за гасот на Балканот

Од:

Русија и Западот водат „тивка војна“ околу на гасот на Балканот, оценува францускиот неделник „Капитал“, специјализиран за економски прашања, додавајќи дека оваа борба за влијание се одразува на иднината на овај кревок регион на Југоисточна Европа.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, според весникот, Москва бележи неуспеси во овој регион. – Словенската и православна Црна Гора се приклучи на НАТО. Во Македонија, новата социјалдемократска власт се чини дека се оддалечува од искушението од проруската наклонетост на претходната Влада од десницата, оценува весникот.

Ако Европа има јасна предност во однос на инвестициите во локалните економии, Русија има предност на енергетската карта. Гасот претставува една четвртина од потрошувачката на енергија во Европската унија. Сега, во 2016 година, рускиот „Газпром“ тврди дека обезбедува една третина од потрошениот гас во Европа.

Според весникот, на Балканот, зависноста од гас веројатно ќе се зголеми со намалување на производството на електрична енергија од јаглен, како што се бара од страна на Европската унија.

– Во поширокото прашање на борбата за влијание меѓу Русија и Западот, прашањето на енергија во регион е дестабилизирачки фактор, изјави за весникот Тимотеј Лес, шеф на тинк-тенк групата „Нова Европа“, која ги советува странските инвеститори во регионот. – Во Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Македонија, Русија се обидува да ја претвори зависноста од гас во политичка зависност и да ја попречи интеграцијата со Западот, вели овој експерт.

Сега за сега, руското влијание е ограничено од недостогот на инфраструктура, односно поради непостоењето на гасовод, рускиот гас не може да ги покрие повеќе или помалку земјите во регионот, па Запад се надева дека ќе ја претекне Москва преку поддршка на конкурентните мрежи, смета „Капитал“.

Според поранешниот албански министер за надворешни работи, Паскал Миљо, регионот на Југоисточна Европа е на крстопат на енергетските коридори за поврзување на Истокот и Западот.

– Интересот за овој регион не доаѓа од неговиот економски потенцијал, туку од неговата позицијата за тразнит кон другите стратешки пазари и површина за складирање гас, додава Миљо.

Лас пак додавца дека по неколку години за време на кои се чинеше дека Русија ќе ја добие битката за енергија, Западот изгледа дека ја поврати предноста.

Весникот потсестува дека со поддршка од страна на Европската унија, се гради Трансјадранскиот гасовод (ТАП) за пренос на азербејџански гас од Турција преку Грција и Албанија, а потоа преку Јадранското Море до Италија.

– Работите започнаа во Албанија. Проектот може да ја подобри, па дури и минимално, безбедноста со енергијата гас на на Европската унија, оценува Никола Мазучи од францускиот Институт за меѓународни и стратешки односи (ИРИС).

Според него, тоа не е доволно за Европејците, кои како и Американците, работат на „периферијата за гасот“ на Балканот.

Јонско-јадрански гасовод (ИАП), што ќе ја снабдува Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Хрватска, заедно со терминал за течен гас на островот Крк во северниот дел на Хрватска, овој проект силно се натпреварува со руски гас, наведува „Капитал“.

Во мај, седум земји – Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија и Црна Гора, со поддршка на американската агенција УСАИД склучија договор за развој на гасоводна мрежа за намалување на зависноста од Русија. Само Србија и Романија не се меѓу потписниците, потсетува весникот.

„Капитал“ се осврнува и на можните одговори на Русија. Проектот „Јужен поток“, кој требаше да пренесува руски гас до Австрија, беше напуштен во 2014 година. Тој е заменет си „Турсиот поток“, чија изградба беше договорена во октомври 2016 година меѓу Москва и Анкара, во контекст на подобрувањето на односите меѓу двете земји. При посетата на Турција оваа недела српскиот претседател, Александар Вучиќ, побара кон овој гасовод биде поврзана неговата земја, наведува француксиот неделник.

Но, аналитичарите оценуваат дека технички протектот е деликатен, бидејќи треба да оди два километри во длабочиба во Црното Море.

Тој е предмет на високи геополитичките ризици. Тој зависи од односите меѓу Турција, Русија и Европската унија, прашањето за мигрантите и Сирија, смета Игор Деканиќ, професор по геологија на факултет во Загреб.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија