Капетанијата од Валона спаси од потонување јахта со српски државјани

Од:

Благодарение на брзата интервенција на капетанијата од приморскиот албански град Валона, спасена е јахта од потонување во која се наоѓале српски државјани.

– Јахтата „Ламакоиа“ долга 23 метри пловеше под италијанско знаме. Во се наоѓаа седум српски граѓани. Поради дефект на моторот, доколку не се интервенираше навреме постоеше опасност да потоне, соопшти капетанијата.

По добиениот сигнал за помош синоќа во 21 часот бродот П-116 „Бора“ на капетанијата, лоциран кај островот Сазан ја почнал акцијата за спасување. Јахтата, која се ноаѓала во морските води во близина на островот, била влечена до пристаништето во Валона, каде пристигнала околу четри часот утрово. Патниците се во добра здравствена состојба. На помош бил упатен и патролен чамец на поморската гранична полција.

Би можело да ве интересира

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Несреќа во Турција: Туристи паднаа од кабина на жичарница, има и мртви

А1он

Загина чешки турист додека фотографирал огромни бранови на Канарските острови

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Во САД: Камион на FedEx се преврте преку мост, петмина се повредени